Несторовски нема да добие нов договор во Удинезе?

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски ќе замине од Удинезе по четири години поминати во калчолигашот затоа што екипата не планира да му понуди едногодишен договор.

Италијанските медиуми најавуваа и во јануари дека Несторовски ќе се раздели со удинезе, но сега тоа станува сè поверојатно.

„Во Удинезе ќе има промени, а меѓу тие кои ќе заминат е Несторовски. Нов договор за Илија е невозможен“, пишува „Мондо Удинезе“.

Несторовски потпиша за Удинезе во 2019 година, каде што стигна како слободен играч по банкротот на Палермо.