Несторовски остана без тренер: Тудор замина од кормилото на Удинезе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот тренер Игор Тудор го напушти кормилото на Удинезе, откако во претходниот период имаше серија на неколку лоши резултати.

Екипата привремено ќе ја тренира Лука Готи, кој денеска го има првиот тренинг со италијанскиот тим.

„Удинезе најави дека ќе се раздели со Тудор, како и со неговиот прв помошник Јурица Вучко“, пишува во соопштението на клубот.

Удинезе под водство на Тудор прими 11 голови во последните две средби. Најпрво беше поразен од Аталанта со 1-7, а потоа и од Рома со 0-4.

Исто така, „црно-белите“ постигнаа само пет гола на десет меча, па тие се најмалку ефикасен тим во Серија А и мораше нешто да се промени.