Несторовски заминува од Палермо и се сели во Серија А (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Илија Несторовски наскоро ќе го напушти Палермо и, според италијанските медиуми, ќе се пресели во италијанската Серијиа А.

Болоња и Торино долго време покажуваа интерес за македонскиот репрезентативец, но Несторовски решил да се пресели во друг клуб од калчолигата.

Несторовски ќе се пресели во Удинезе, кадешто добил гаранции дека ќе биде во првиот тим, а наводно ќе потпише двегодишен договор со калчолигашот.

Трансферот на напаѓачот се очекува да биде реализиран во наредните денови.