Неверојатна победа на Лејкерс: Дончиќ промаши, но Леброн со звукот на сирената даде кош (Видео)

Каков спектакл видовме синоќа на НБА терените, тоа беше за паметење. Индијана Пејсерс на домашен терен го пречека тимот на Лос Анџелес Лејкерс, и имаа практично сѐ во свои раце до самиот крај.

Сепак, на крајот конечниот резултат од натпреварот гласеше 119:120 (33:28, 22:40, 37:27, 27:25) во корист на Лејкерс!

Се играше последниот напад на натпреварот, а сѐ во свои раце го презеде Лука Дончиќ. Дончиќ шутираше за победа, но топката излезе од обрачот.

Тогаш, „од никаде“ се појави и долета Леброн Џејмс кој немаше кој знае каква игра и погоди за голема победа на „Езерџиите“ и прекин на негативната серија!

.