Неверојатен пресврт помеѓу Луис Суарез и Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез (33) беше на чекор од заминување од Барселона во Јувентус.

Суарез ги договори сите услови со торинскиот гигант, но бидејќи тој побара од Барселона да му исплати плата за следната сезона за да замине, заминувањето не се случи.

Јувентус затоа реши да се откаже од искусниот Уругваец и да се сврти кон Един Џеко, а Суарез ќе остане на Камп Ноу.

Ако им се верува на шпанските медиуми, Суарез ќе биде кандидат за почетната постава. Роналд Куман наводно смета на услугите на 33-годишниот напаѓач и, наводно, може да биде дури и прв избор во нападот.

Ова е дефинитивно голем пресврт. Клубот го отпиша Суарез, но очигледно работите се менуваат, па овој фудбалер на крајот би можел да остане во клубот до крајот на неговиот договор во јуни следната година.

Суарез е во Барса од 2014. година, и постигна 198 гола на 283 одиграни натпревари.