Неверојатен пресврт: Рангник добива нов договор во Манчестер јунајтед?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер на крајот на минатата година по дебаклот од Вотфорд ја загуби работата во Манчестер јунајтед, а на негово место пристигна Ралф Рангник, кој требаше да биде привремен тренер до следното лето.

Англиските медуми пишуваат дека Рангник ги задоволил главните луѓе на „црвените ѓаволи“ и тие сакаат да му дадат постојана работа на тренерското место на „Олд Трафорд“.

Потрагата по нов тренер во моментов е одложена и во клубот се разгледува опцијата да му се продолжи договорот на Рангник, кој досега има шест победи, три ремија и еден пораз во првите 10 меча на кормилото на тимот.

Клубот во февруари ќе ги продолжи возбудувањата во Лигата на шампиони, а во моментов во Премиерлигата се борат за топ-4 и има освоено 38 бода од 22 натпревари.