Неверојатна партија на Јаховиќ, со четири гола го предводеше Малатијаспор до убедлива победа (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот интернационалец, Адис Јаховиќ одигра феноменален натпревар во победата на неговиот Малатијаспор со 5:1 против Дензилиспор.

Нашиот напаѓач постигна четири од петте погодоци и беше главниот „виновник“ за убедливата победа на Јени Малатијаспор.

Со овие погодоци Јаховиќ стигна до бројката од седум постигнати голови во новата сезона со што се искачи на врвот на листата на стрелците во турскиот шампионат.