Неверојатно: Го одбиле Клоп зашто носел скинати фармерки!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот тренер Јирген Клоп има 55 години и е еден од најдобрите во свет, откако во претходните години ги предводеше Мајнц, Борусија Дортмунд, а со Ливерпул испиша многу успеси и потпиша договор до 2026 година.

Со англискиот клуб на чие чело е од 2015 година ги освои Лигата на шампиони, Премиерлигата, Лига Купот, Светското клупско првенство, а освојуваше титули и во Бундеслигата.

Интересно е тоа што во една екипа не го сакале поради неговиот стил на облекување, односно Хамбург го одбил пред 14 години поради имиџот на Германецот.

„Во 2008 година германскиот тим Хамбург имаше шанса да потпише со Клоп, но не биле импресионирани со одредени работи, како пушењето и носењето на скинати фармерки“, открива германски медиум.