Неверојатно: Ибра на МИЛИМЕТАР од потегот на кариерата (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ уште еднаш беше јунак за ЛА Галакси.

Ибрахимовиќ синоќа му донесе победа на својот тим против Портланд, а интересно е што Швеѓанецот обата погодоци ги постигна од белата точка.

Вториот погодок ги воодушеви сите, бидејќи Ибтра изведе паненка, и Американците уште еднаш ги „фрли“ во транс. Но, во првиот дел Ибрахимовиќ беше на милиметар од тоа да постигне еден од најубавите погодоци во кариерата.

Тој во 14. минута изведе кун фу удар, а топката за жал на сите на трибините ја погоди стативата и се одби на теренот. Треба да се напомене само дека Златан има 37 години, но се уште игра фантастично.