Неверојатно: Излезе од игра, па тргна да се тепа со навивач 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на францускиот второлигаш Ле Авр, Калид Бутаиб беше исклучен на мечот против Тузул (1-1).

Искусниот марокански фудбалер беше заменет во 61. минута од натпреварот, а потоа се создаде вистински хаос покрај теренот.

Еден од навивачите го навредуваше фудбалерот, кој повеќе не сакаше да молчи и тргна да се пресмета.

По турканиците и навредите со навивачот, 34-годишниот напаѓач доби црвен картон, а обезбедувањето спречи поголем инцидент.

Мароканецот беше подготвен и да го удри навивачот, меѓутоа не успеа во тоа затоа што обезбедувањето успеа да го задржи.

Судијата на натпреварот реши да му покаже црвен картон на Мароканецот надвор од теренот и тој ќе го пропушти следниот меч на Ле Авр.