Невидено: Спортски директор удри четврти судија, а главниот покажа – пенал! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кастриоти славеше со 3-2 против Егнатија во 10. коло од Првата лига на Албанија, а начинот на кој Кастриоти победи предизвика големи контроверзи.

Кастриоти до победата стигна на бизарен начин. Пенал беше досуден во 90. минута, при резултат 2-2, па тоа предивика доза сомнеж дека сè е регуларно на мечот во Албанија.

Кастриоти водеше со 2-0 со погодоците на Ајази и Дачи, но Гјока и Доксан израмнија на 2-2 во финишот од мечот.

Сепак, се најде начин и за победа. Спортскиот директор на клубот го удри четвртиот судија покрај теренот, а главниот судија веднаш покажа на пенал за Кастриоти, кои со голот на Каракачи стигнаа до три бода.