Невил и Гигс ги отворија вратите во хотелот на нивните лекари: Вам Ви е бесплатно! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гери Невил и Рајан Гигс успешно водет два хотели во Манчестер.

Како резултат на пандемијата на коронавирус, тие решија да покажат солидарност со сите што се изложени на ризик, па им ги отворија вратите на своите хотели на лекарите и ќе добијат се што сакаат бесплатно.

“Во текот на изминатата недела бевме во постојани разговори со давателите на здравствени услуги во Манчестер. Од петок, нашите хотели ќе бидат отстапени на лекари и работници. Верувам дека во овие моменти сите мора да бидат солидарни”, рече Невил, додавајќи:

„Сè е бесплатно и ќе ги имате на располагање сите наши работници. Ќе имате сè што е на располагање во следните неколку месеци“, рече Невил во видеото што го објави.

Потег вреден за сите пофалби за некогашното дуо на Манчестер Јунајтед.