Невил: Ми се гади од однесувањето на Роналдо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил повторно ги критикува поранешните соиграчи, а овој пат негова „жртва“ е Кристијано Роналдо.

Невил вели дека Португалецот прави проблеми во соблекувалната, а тоа е недозволиво за голема ѕвезда.

Легендата на „ѓаволите“ смета дека Роналдо во последно време направил неколку потези, кои не смее да си ги дозволи, а тоа се однесува на барањата да си замине од екипата.

„Мене ми се гади од такво однесување. Ѕвезда на Јунајтед да прави проблеми во соблекувалната. Ова се случи неколку пати во последните години. Го имавме и Пол Погба, кој правеше исти проблеми во екипата“, кажа Невил.

Роналдо неколку пати јавно побара да замине од „Олд Трафорд“, но не пристигна ниту една понуда за неговите услуги.