Невил откри зошто Манчестер јунајтед сѐ уште не му дава отказ на Солскјер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед беше поразен од Манчестер сити со 0-2 на домашен терен и тоа беше уште едно разочарување за навивачите на „црвените ѓаволи“, кои се надеваа дека нивниот тим ќе може сезонава да се бори за титулата.

Тренерот Оле Гунар Солскјер ги разочара навивачите, но и своите фудбалери, па така расте незадоволството во соблекувалната, но и притисокот врз Норвежанецот.

Поранешниот дефанзивец на Јунајтед, Гери Невил ја откри причината поради која премиерлигашот сѐ уште не му дава отказ на Солскјер.

„Ситуацијата е комплицирана затоа што извршниот директор Ед Вудворд ќе замине за неколку недели. Тој му даде договор на Солскјер на три години и не сака негов последен потег да биде смена на тренерот. Меѓутоа, има голема шанса новиот извршен директор веднаш да го отпушти Солскјер“, вели Невил.