Невил по вчерашниот кикс на Јунајтед: Јасно е дека им се потребни…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот легендарен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил верува дека на клубот се уште му требаат најмалку пет нови фудбалери за да може да се борат за титулата во Премиер лигата следната сезона.

„Мејсон Гринвуд игра на десно крило, но јас мислам дека ни треба уште едно крило. Мислам дека треба и централен напаѓач, стопер, нов вистински предизвикувач на Де Геа и уште еден лев бек.

Според мене, им требаат четири или пет играчи за да може да се борат и да влезат во конкуренција каде ќе се конкуренти за титулата. Тоа му е  потребно на овој клуб“ –смета Невил.