Невил посочи шест фудбалери кои не го даваат максимумот за Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и сегашен стручен аналитичар на „Скај Спортс“, Гери Невил даде свое видување за ситуацијата во клубот од црвениот дел од Манчестер.

Невил посочи шест фудбалери кои не се залагаат доволно и поради кои тимот западнал во резултатската криза.

Според Невил, Маркус Рашфорд, Ентони Марсијал, Ромелу Лукаку, Алексис Санчез, Пол Погба и Давид Де Геа биле играчите кои се „виновни“ за лошата серија на клубот во последните осум натпревари.

„Има пет напаѓачи во клубот, Рашфорд, Марсијал, Лукаку, Санчез и Погба кои се блиску до голот. Ѕвезди како нив, треба да бидат најдобри на своите позиции, но никој од нив во овој момент не е на потребниот стандард. Не знам што се случи со Алексис, Рашфорд имаше одличен старт со Солскјер, но сега се мачи. Лукаку не може да игра наголеми натпревари, а Погба изгледа како оној кој играше под водство на Мурињо. Марсијал само што се врати од повредата, и изгледа дека се враќа во амбициозно расположение. Де Геа не изгледа како претходно, тој како да е расеан“ –истакна Невил.