Невил со јасен став: Нема услови за фудбал оваа година..


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешнито репрезентативец на Англија и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил смета дека не постојат услови да продолжи сезоната на Островот затоа што не треба да се ризикува здравјето на луѓето.

Невил е убеден дека повеќе нема да се игра фудбал во 2020 година, дури и безприсуство на навивачи.

„Нема да може да седиме еден покрај друг во хотелите и рестораните. Оддалеченоста ќе биде два метри. Капацитетите на рестораните ќе се преполоват, а сите вработени ќе носат маски и ракавици. Тоа се случува сега. Дали очекувате да се игра фудбал во такви услови? Бев на состанок и сите седевме на оддалеченост од два метри, а не ни беше дозволено да разговараме без маски. Фудбалот не може да се игра без публика. не верувам дека оваа година ќе гледаме натпревари. Ни играчите на мојот клуб Салфорд нема да играат. Клубот има вработени кои боледуваат од дијабет, астма… Не сакам да го ризикуваме неговото здравје и сигурноста поради фудбалски натпревар. Не знам како Премиер лигата сака да ја заврши сезоната зошто во моментов нема услови“ –дециден беше Невил.