Невил со суров но јасен коментар: Манчестер Јунајтед никогаш нема да освои титула со нив двајца

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил беше доста критичен кон сегашните фудбалери на клубот по поразот од Кристал Палас.

„Ѓаволите“ загубија со 3:1, а главен виновник за поразот беше Виктор Линделоф кој погреши при сите три погодоци.

„Во преодниот рок сите зборуваа за доаѓање на Санчо, но приоритет на клубот и менаџерот треба да биде купување на стопер. Додека не пронајдат играч кој е брз и кој добро ги решава ситуациите еден на еден, нема да го освојат првенството.

Мегваер и Линделоф се сличен тип на играчи. Во клубот има место само за еден таков. Со години наназад Јунајтед во тандем имаше еден брз играч и еден кој во скок ја отстрануваше опасноста. Ни Линделоф ни Мегваер немаат брзина за современиот фудбал“ –изјави Невил.