Невил збесна по ремито со Вулверхемтпон: Ова воопшто не ми се допаѓа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед синоќа во второто коло од Премиерлигата одигра 1-1 на гостувањето кај Вулверехемптон.

Екипата на Оле Гунар Солскјер имаше шанса да стигне до победата, но Пол Погба промаши пенал за „црвените ѓаволи“.

Навивачите на Манчестер можеа да забележат и караница меѓу Маркус Рашфорд и Погба околу тоа кој ќе го изведе пеналот, а тоа не му се допадна ниту на Гери Невил.

„Зошто ви е таа расправија за пеналот? Не ми се допаѓа. Никогаш не треба да се случуваат вакви работи. Погба во последните 12 месеци промаши четири пенали, тоа треба нешто да значи… Рашфорд постигна гол минатата недела и требаше да го изведе пеналот“, кажа Невил.