Незапирливиот Батлер му одржа лекција на најдобриот дефанзивец во лигата и Бакси, Крис Пол се избори за мајсторка!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милвоки Бакс го загубија и првиот натпревар од првото коло против Орландо, па врзаа четири победи и закажаа дуел со Мајами Хит, „Хит“ ја прегазија Индијана.

На почетокот од полуфиналната серија на Источната конференција, Бакси го загубија и првиот натпревар, одличниот Џими Батлер го сруши тимот со најдобар резултат во лигата, Мајами славеше со 115:104.

Тие ги добија Бакси во првата четвртина, но од самиот почеток беше јасно дека не чека тесен натпревар, пулените на Мајк Буденхолцер водеа до полувремето, а во третата четвртина Мајами започна да ги менува работите.

Во средината на третата четвртина стигнаа до пресврт, па на последната пауза заминаа со шест поени предност.

Беше многу неизвесно до самиот крај, а потоа во финишот, Џими Батлер ги презеде работите во свои раце.

Буквално им рече на своите соиграчи дека сега ќе се обиде со неколку шутеви, да не очекуваат асистенции и започна рафално шутирање.

Милвоки се приближи на -1, а потоа Батлер со седум врзани поени му донесе предност на Мајами на околу две минути до крајот.

Лопез одговари со тројка, но Хиро возвраќа со иста мерка, а потоа Батлер го однесе Хит на +10 со шут од поле и сè беше јасно во Орландо.

Батлер го заврши мечот со 40 поени (65% од играта), следен од Драгиќ со 27 поени, Адебајо со 12 поени и 17 скока, додека младиот Хиро додаде 11.

Кај Бакс, Мидлтон постигна 28 поени, Брук Лопез додаде 24, Јанис Антетокумпо постигна 18 поени со 10 скока и девет асистенции, двоцифрен со 11 поени заврш и Корвер.

View this post on Instagram

JIMMY BUCKETS TOOK OVER IN THE CLUTCH IN GAME 1 ?

A post shared by Bleacher Report (@bleacherreport) on

Драма имаше на мечот меѓу Оклахома и Хјустон, но „Тандерс“ се изборија за мајсторка благодарение на серијата на Крис Пол на крајот, на крајот 104:100 за Тандер.

Се менуваа во водството во текот на целиот натпревар, првата четвртина му припадна на Хјустон со +1, Рокетси губеа поголем дел од втората четвртина, но на полувреме заминаа со +3.

Оклахома дојде до пресврт и +2 пред последните 12 минути, а потоа Хјустон го имаше главниот збор во одлучувачкиот период, но Крис Пол ги презема работите во самиот финиш.

Врза две тројки на -6 и го изедначи резултатот на помалку од две минути до крајот, Вестбрук одговори со двојка, така што Шредер повторно го израмни резултатот на влезот во последните 60 секунди.

Пол и Галинари потоа погодуваат од слободни фрлања и му ја донесоа третата победа на тимот на Били Донован, мајсторката ќе го реши победникот во серијата помеѓу Оклахома и Хјустон и ќе одреди кој ќе игра со Лејкерс во полуфиналето на Западот.