Нгану доби порака пред борбата со Фјури: Немаш шанси во рингот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Френсис Нгану за првпат во кариерата ќе влезе во боксерскиот ринг и ќе се соочи со шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури.

Нгану реши да ја напушти УФЦ организацијата и ќе добие голема сума на пари за борбата против Фјури.

Промоторот Еди Херн кажа дека Британецот може да ја заврши борбата како што сака, односно Нгану нема шанси против Фјури.

„Ако се бори со било кое темпо, не чувствувам дека Нгану може физички да издржи повеќе од четири-пет рунди. Знам дека ММА е спорт со висок интензитет, но верувајте ми дека нема да може да се прилагоди. Кога сака може Фјури да ја заврши борбата, Нгану нема шанси во рингот“, кажа Херн.