Ни Покетино, ни Инзаги, клупска легенда го менува Сари во Јувентус?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Италија постојано лицитираат со имиња на тренери кои би можеле да бидат наслендици на Маурицио Сари во Јувентус.

Искусниот италијански стратег денеска доби отказ по елиминацијата од страна на Лион во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Иако првично се најавуваа Маурисио Покетино и Симоне Инзаги, добро упатени извори на угледниот „Скај Италија“ јавуваат дека Андреа Пирло е сериозен претендент за испразнетата тренерска позиција.

Пирло неодамна беше назначен како нов тренер на у23 тимот на Јувентус, но наскоро би можел да добие прекоманда без ниту еден натпревар во младинскиот погон на тимот.