Ни во реваншот немаа среќа: Вардар загуби од Кјелце и во Полска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар запиша уште еден пораз од полски Кјелце, откако денеска на гостувањето загуби со 29-36.

Иако Вардар имаше одличен старт (2:5) на крајот доживеа висок пораз и во Скопје се враќа со седум гола негатива.

Во екипата на Вардар најефикасен беше Дибиров со седум гола, Јотиќ постигна шест, а кај Киелце Душебаев и Морито го завршија мечот со седум гола.

Во групата Б Киелце е убедлив на првата позиција со 13 бода, додека Вардар е шести со само три освоени бода.