Никогаш посилната Шпанија ја победивме со пет нови играчи, тоа сепак не е чудо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Хрватска ја воодушеви свеската фудбалска јавност и со ослабен состав славеше победа од 2:1 против силната Шпанија која овој натпревар го одигра со најсилниот состав.

“Чудо? Мислам дека ова не е чудо, мислам дека имаме екипа која нема респект кон никого, игравме против најсилната репрезентација. Не знам кога Шпанија била посилна. Морам да им се заблагодарам нашите навивачи, ја чуствуваме нивната поддршка”.

“Не се плашев од Шпанија. Имавме и малку среќа бидејќи тие не искористија пенал, но бевме целосно рамноправни. Ја поминавме групата како првопласирани, тоа и го заслуживме со играта и со резултатите”.

“Тоа што наппреварот го започнав со пет нови играчи, можеби беше храбро за оние кои не ја следат нашата репрезентација, но јас работам со нив и знам како и кој играч може да одговори. Ова есамо доказ дека имаме широка клупа”- изјави Чачиќ.

Во следните натпревари во репрезентацијата на Хрватска се очекува враќање на Лука Модриќ и Марио Манџукиќ.