Никој не го запира Србинот: Ѓоковиќ постави нов рекорд


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше против Ласло Ѓере на УС-опен и постави нов рекорд во светот на тенисот.

Ѓоковиќ ги доби првите два сета со по 6-4, иако Ѓере даде голем отпор, но потоа во третиот сет му ја предаде победата на сонародникот.

Србинот стана единствен тенисер кој има остварено по најмалку 90 победи на секој од гренслем-турнирите.

Ѓоковиќ во следното коло на УС-опен ќе игра против Алексеј Попирин.