„Никој нема да се сеќава на Тен Хаг за пет години, ама сите ќе го паметат Роналдо“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендата на Ливерпул, Грем Сонес ги коментираше последните случувања во Манчестер јунајтед, откако тренерот Ерик Тен Хаг го исфрли Кристијано Роналдо од првиот тим.

Тен Хаг не беше задоволен од тоа што Роналдо предвреме го напушти теренот на мечот против Тотенхем и одби да влезе како замена во финишот од мечот.

Холанѓанецот го исфрли Роналдо од првиот тим, па португалскиот фудбалер мораше да тренира со младинците и го пропушти дербито со Челси, а Сонес застана на страна на Португалецот.

„За пет години никој нема да се сеќава на Тен Хаг, но Роналдо сите ќе го паметат како еден од најдобрите фудбалери во историјата“, вели Сонес.