Никола Јокиќ по третпат е МВП во НБА-лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ по третпат беше избран за МВП во НБА-лигата, откако импресионира со неговите настапи оваа сезона.

Јокиќ доби вкупно 926 поени, додека зад него заврши Шеј Гилџес-Александер со 640, додека на третото место беше Лука Дончиќ со 566 бода.

Ова за Јокиќ е трето признание во последните четири години, откако минатата сезона мини-серијата му ја прекина Џоел Ембид.