Николов доби негативен тест на ковид-19!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот селектор на Македонија, Благоја Милевски доби одлични вести затоа што ќе може да смета на Бобан Николов, кој доби негативен тест на ковид-19 и ќе им се приклучи на соиграчите.

Николов пред пет дена доби позитивен тест, но за среќа брзо го победи вирусот и вечерва треба да пристигне во Скопје, а утре да се приклучи на подготовките на националниот тим.

Ќе потсетиме, Милевски во составот дополнително го повика Јани Атанасов поради повредата на Аријан Адеми.

Утре репрезентацијата на Македонија ќе го има првиот собир пред дуелите со Ерменија, Ислан и Романија. Ова ќе бидат први натпревари на селекторската позиција за Милевски.