Николов прави трансфер во Италија, во тек се медицинските прегледи!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Бобан Николов денеска треба да потпише со Лече, откако го напушти Мол Фехервар на шест месеци пред завршување на договорот.

Николов ќе му се приклучи на Лече, кој се бори за пласман во Серија А и сигурно македонскиот репрезентативец ќе им биде од голема помош.

Трансферот, наводно, е договорен, па Николов треба да ги мине уште медицинските прегледи, по што официјално ќе биде промовиран во новата екипа.

Во Лече веќе игра еден Македонец, Леонард Жута кој пристигна на почетокот на оваа сезона.