Николов: Романија е тежок противник, на нас и бод би ни одговарал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бобан Николов зборуваше на прес-конференција пред натпреварот против Романија, кој ќе се одржи утревечер во Букурешт.

Николов вели дека Романија е фаворит, а притоа кажа дека Македонија би се задоволила и со бод на тешкото гостување.

„Романија е фаворит во натпреварот, но ние имаме наш план и мислам дека и бод би ни одговарал на нас“, кажа Николов.

 Натпреварот помеѓу Романија и Македонија се игра утревечер во Букурешт од 20.45 часот, а потоа македонските фудбалери ќе се соочат против Лихтенштајн и Германија.