Николов со победа дебитира во ЛШ 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на македонскиот репрезентативец Бобан Николов приреди изненадување во своето деби во Лигата на шампионите совладувајќи го фаворизираниот Шахтјор со 2:0.

Првиот гол го постигна Адама Траоре во 16. минута со убав удар после нафрлувањето на Кристиано. Траоре беше одличен претходниот плеј-оф натпревар против Динамо кога постигна два гола. За 2:0 се погрижи Момо Јансане со удар со глава, одсново асистент беше Кристиано.

Бобан Николов влезе во 85. минута и го одигра финишот од мечот.