Ништо не може да го уништи: Марк Маркез ќе вози во Остин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По медицинските тестови осумкратниот светски шампион во мотоциклизам доби дозвола да се врати на патеката, па така Марк Маркез ќе учествува на 10 април на трката за Големата награда на Америка.

Шпанскиот возач се повреди за време на загревањето на трката за Големата награда на Индонезија, по што доби удар и имаше проблем со видот.

Хонда направи „конзервативен“ план за рехабилитација, но Маркез се чувствува подобро и пред заминувањето во САД беше на различни медицински прегледи, по што доби дозвола да вози.

Маркез во текот на кариерата имаше многу успеси во Тексас, а не успеа само еднаш да слави на таа трка, и тоа во 2019 година, кога доживеа пад додека имаше убедливо водство.