Ништо од Дибала, кој ќе ја наследи “десетката“?

Шампионот на Италија ги објави броевите за наредната сезона, прочуената “десетка“ сеуште нема сопственик.

Фудбалскиот клуб Јувентус вчера ги соопшти броевите на играчите за наредната сезона, а “десетката“ која ја остави Пол Погба сеуште нема наследник.

Иако се очекуваше дека Паоло Дибала ќе ја добие 10 на грбот, тој го задржа својот број 21, а некогашниот број на Дел Пиеро и Тевез остана слободен, па се поставува прашањето дали е ова конечно или се спрема уште некое големо засилување, што е малку веројатно.

Од новајлиите, Бенатија го зеде бројот 4, Дани Алвеш 23, Пјаниќ 5, Пјаца 20, а најголемото засилување Гонзаго Игуан ја капираша “деветката“.

Нема сомнеж, Дибала е вистински наследник и избор за 10 на грбот, па можеби ќе има уште некои промени во „пет до 12“…