Ништо од преговорите: Конте го „откачи“ Наполи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот италијански шампион Наполи има лош почеток на сезоната и по осум кола освои само 14 бодови, а со тоа се најде на петтото место.

Наполи има седум бодови помалку од лидерот Милан, а тоа предизвика незадоволство во Неапол и навивачите бараат отказ за тренерот Руди Гарсија.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис реши веднаш да повлече потег и да почне преговори со Антонио Конте.

Конте беше отворен за преселба во Наполи, меѓутоа имал неуспешни преговори со Де Лаурентис и решил да чека вистинска понуда за неговата кариера.