Ништо од трансфер во Премиер лигата: Пјонтек договори премин во Германија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Германија“ како и Џанлука Ди Марцио пренесуваат дека Криштоф Пјонтек се согласил да се пресели во Бундеслигата откако Милан се договорил со Херта за негов трансфер.

Полскиот репрезентативец ќе потпише за тимот од Берлин за сума од околу 28 милиони евра колку што ќе плати Херта за неговиоте услуги.

За Пјонтек постоеше интерес и од Тотенхем, Челси и Манчестер Јунајтед, но тој се одлучи кариерата да ја продолжи во Бундеслигата каде ќе има загарантирано стартно место во тимот на Херта.