Ниту Барселона, ниту Партизан: Хезоња стави крај на сапуницата и остана во Мадрид


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во изминатите денови главна тема во медиумите беше Марио Хезоња и каде ќе игра во следната сезона, откако како заинтересирани екипи се појавија Партизан и Барселона.

Српските медиуми пишуваа дека Хезоња ќе потпише за „црно-белите“, но потоа во приказната се вклучи Барселона каде што го преселија светските медиуми, но кошаркарот сега ги реши сите дилеми.

Хезоња реши да потпише договор на три години и да остане во дресот на шпанскиот гигант Реал Мадрид.