„Ниту Халанд, ниту Мбапе немаше да му помогнат на Милан колку што успеа Ибра!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Милан, Звонимир Бобан разговараше со италијанските медиуми и кажа дека помогнал во враќањето на Златан Ибрахимовиќ во тимот.

Ибрахимовиќ заедно со Милан минатата сезона заврши во топ-4 и се пласираше во Лигата на шампиони, а годинава делува дека ќе се борат и за Скудетото.

„На Бадник ми заѕвоне телефонот и ми кажаа дека само што сум потпишал со Златан. Тој е одличен фудбалер и личност која ѝ помогна на екипата. Ниту Халанд, ниту Мбапе немаше да ни помогнат толку многу колку што успеа Ибра. Ќе му бидем благодарен засекогаш“, кажа Бобан.

Милан игра многу подобро од претходно, па со уште неколку квалитетни играчи би делуваше како солидна екипа за Скудетото.