Ниту Мбапе, ниту Модриќ: Анчелоти верува во чудо од дете!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти побара од навивачите да имаат трпение за талентираниот турски фудбалер Арда Ѓулер.

Ѓулер не добива многу шанса по доаѓањето во Мадрид, а се соочи и со повреди кои за момент го запреа неговиот развој, меѓутоа Анчелоти смета дека неговото време допрва доаѓа.

„Верувајте ми, треба да бидеме трпеливи со Ѓулер. Тој мора да се бори за местото во тимот. Ќе го покаже неговиот квалитет, сите сме уверени во тоа“, кажа Анчелоти.

Во изминатите денови се шпекулираше дека Ѓулер ќе замине на позајмица, но „кралевите“ досега не донеле таква одлука.