Ниту Мегваер, ниту Роналдо: Тен Хаг избра нов капитен на „ѓаволите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ерик Тен Хаг минатата недела потпиша договор со Манчестер јунајтед, па ќе го преземе тимот на крајот на сезоната.

Тен Хаг ќе го предводи тимот од следната сезона, откако Јунајтед имаше турбулентна сезона и остана без место во Лигата на шампиони (ЛШ).

Британските медиуми пишуваат дека Холанѓанецот решил да му ја дадае капитенската лента на голманот Давид Де Хеа, кој е една од најсветлите точки во тимот.

Хари Мегваер беше капитен оваа сезона, но англискиот репрезентативец ја изгуби довербата поради лошите настапи.

Летово се очекува голема реконструкција на „Олд Трафорд“, како и многу засилувања за Тен Хаг.