Ниту Зидан, ниту Алонсо: Модриќ и Карвахал избраа тренер за Реал Мадрид


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Во секој клуб е од круцијално значење тренерот да има поддршка од соблекувалната, па Флорентино Перез е многу свесен колку ќе биде важен зборот на капитените Лука Модриќ и Дани Карвахал при донесувањето на одлуката кој ќе биде тренер на Кралевите.

Реал Мадрид загуби два натпревари по ред. По Барселона со 0-4 на „Сантјаго Бернабеу“, изненадувачки славеше и Милан во Лигата на шампионите, што автоматски ги вклучи алармите.

Веднаш почнаа шпекулации дека Карло Анчелоти подготвува отказ, особено затоа што на трибините е снимен Зинедин Зидан, кој секогаш се доведува во врска со Реал.

Исто така, веќе неколку месеци се зборува дека нов тренер на „Кралевите“ ќе биде Чаби Алонсо, па секој пораз буди одредена вознемиреност. И самиот Анчелоти изрази загриженост.

„Треба да се загрижиме бидејќи екипата не игра добро. Мораме да бидеме поцврсти, покомпактни. Примивме многу голови. Реалноста е она што го гледате на теренот, а тоа е дека нешто ни недостасува“, рече Анчелоти по поразот од Милан.

Според пишувањето на „Дефенса Сентрал“ својата одлука за тренерот за остатокот од сезоната ја донесе и соблекувалната на Реал предводена од капитените Модриќ и Карвахал.

Играчот од средината на теренот и дефанзивецот одлучија да му дадат максимална поддршка на Анчелоти и сметаат дека Италијанецот е најдобрата опција за тренер на Реал и дека ништо не треба да се менува.