Нкунку од Париз: Немој да се грижите, избрав каде ќе играм! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Талентираниот напаѓач Кристофер Нкунку постигна 35 гола на 50 натпревари за Лајпциг, па поради тоа привлече интерес од многу екипи, меѓу кои беа Челси и ПСЖ.

Иако медиумите шпекулираа дека Нкунку е најблиску до ПСЖ, сепак 24-годишниот фудбалер преку социјалните мрежи кажа дека ќе остане во Бундеслигата.

Нкунку е на одмор во Париз, а од таму порача дека потпишал нов договор со Лајпциг до 2026 година.

„Поздрав од Париз, немој да се грижите, се враќам во Лајпциг“, кажа Нкунку.

Напаѓачот ќе добие подобри финансиски услови, но и клаузула за откуп вредна 60 милиони евра, која ќе важи од следното лето.