Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на Баерн Минхен и германската репрезентација, Мануел Ноер во разговор со „Билд“ откри дека во претходниот период имал три операции поради рак
Ноер кажа дека не сакал претходно да зборува за тоа, но сега се реши на такво нешто затоа што промовираше крема против сонце.
Легендарниот голман во моментов е надвор од фудбалските терени поради повреда на рамото, а во разговор со медиумите не кажа кога ги направил операциите.
„Во мојот случај, тоа беше рак на кожа, и тоа на лицето поради кој морав да правам три операции. Поради тоа што со тек на време тренираме и играме на отворено, а и своето слободно време го поминуваме во природа, важно ни е да користиме соодветна заштита за кожа“, вели Ноер.