Норис потпиша нов договор со Мекларен: Се чувствувам како дома!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Мекларен, Ландо Норис потпиша нов договор со екиапта од Формула 1 до крајот на сезоната 2027, но во истиот има опција за продолжување на соработката.

Британскиот возач ги брани боите на Мекларен од 2018 година, а минатата сезона заврши на шестата позиција во генералниот пласман на „најбрзиот циркус“ во светот.

„Тоа е прекрасно чувство. Пораснав во Мекларен и се чувствувам како дома. Имавме подеми и падови во досегашниот дел од патешествието, но минатата сезона покажа дека може да се бориме за првото место. Со нетрпение ги очекувам новите предизвици со болидот на Мекларен“, кажа Норис.