Нов дефанзивец на „Емирати“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лондонскиот Арсенал би можел да донесе уште еден дефанзивец до крајот на преодниот рок.

Откако вчера го донесе Пабло Мари од Фламенго на позајмица до крајот на сезоната, нов Топџија би можел да стане десниот бек на Саутемптон, Седрик Соареш.

Клубовите се согласија да го позајмат Соареш до крајот на сезоната и сè треба да стане официјално многу брзо.

Соареш стана член на „Светците“ во 2015 година, е стандарден член на првата постава, а интересно е што беше на позајмица во Интер минатата година, кој не сакаше да го откупи на крајот на сезоната.

Португалскиот дефанзивец има одиграно 19 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона и има постигнато гол и асистенција.