Нов спектакл или разочарување: Ќе се бори ли Мекгрегор на 14 септември?


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Ирскиот борец Конор Мекгрегор требаше да се соочи со Мајкл Чендлер на 29 јуни по долга пауза, но борбата беше откажана поради повреда.

Во меѓувреме се појавија шпекулации дека Мекгрегор ќе се врати во рингот на 14 септември во Лас Вегас, но тоа го демантираше првиот човек на УФЦ, Дена Вајт.

Вајт кажа дека не постои никаква шанса Мекгрегор да се бори против Чендлер во текот на септември и тоа е ново разочарување за навивачите на Ирецот.