Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Македонскиот таеквондист, Дејан Георгиевски освои сребрен медал на турнирот во Тирана, каде што запиша две победи.
Георгиевски беше подобар од Насо од Италија и Плонис од Белорусија, по што загуби во финалето од Гркот Сотирос.
Македонецот во финалето се борел и со повреда, која за среќа нема да му прави проблеми во следните предизвици и ќе биде санирана за кратко време.