Нов викенд, нов рекорд за Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул е на пат да стане најдоминантниот клуб во една сезона во Премиер лигата.

Ливерпул реди победи од викенд во викенд. Изминатиот викенд го совлада Саутемптон на „Енфилд Роуд“ со 4:0, што беше 15-ти последователен триумф за „Црвените“.

Благодарение на победата на Тотенхем над Манчестер Сити Ливерпул по 25 кола има 22 бода повеќе од вториот, што е најголема разлика помеѓу првиот и вториот тим во историјата на Премиер лигата.

Тој резултат на „Црвените“ станува уште поважен кога станува збор за земање предвид на квалитетот на Манчестер Сити. Тие се двократен последователен шампион и дефинитивно се едни од најдобрите екипи на денешницата.

Селекциите на Јирген Клоп се 42 натпревари без пораз и се доближуваат до 49-натпревари без пораз на Арсенал од сезоната 2003/2004.

Патем, Ливерпул постигна неверојатни 100 бодови од март минатата година, од можните 102 бодови. Во меѓувреме, шампионот на Европа и на светот ги запре само Манчестер Јунајтед. Беше 1: 1 на „Олд Трафорд“.