Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Додека се води борбата за титулата на НБА и вниманието на јавноста е насочено кон завршницата на сезоната, во позадина се развива приказна која може целосно да ја промени иднината на Лос Анџелес Лејкерс. Последните денови од Америка доаѓаат се повеќе информации за сериозното незадоволство на Леброн Џејмс, а се чини дека односите помеѓу ‘Кралот’ и челниците на Лејкерсите никогаш не биле понапрегнати.
Леброн ова лето стана слободен агент и првпат по долго време никој со сигурност не може да каже каде ќе ја продолжи кариерата.
Иако многумина очекуваа рутинско продолжување на соработката со Лејкерсите, американските медиуми тврдат дека ситуацијата воопшто не е едноставна.
Најголемиот проблем, наводно, е фактот што Лејкерсите не сакаат да му понудат на Џејмс максимален договор, туку се обидуваат да ја задржат финансиската флексибилност за дополнително да го изградат ростерот околу него и Лука Дончиќ.
















