Нова историска ноќ во НБА: На 20 години постигна 50 поени и урна рекорд на Леброн! 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милвоки бакс синоќа гостуваа кај Хјустон рокетс и беа пораени со 136-143, а им се повреди и Јанис Антетокумпо, додека за нивниот ривал блесна Кевин Портер јуниор.

Антетокумпо мина само 46 секунди на паркетот, по што мораше да го напушти натпреварот поради повреда на десниот зглоб и засега не е познато колку време ќе паузира од терените.

Врвен натпревар одигра Кевин Портер, кој постигна 50 поени и 11 асистенции, па на само 20 години стана најмлад кошаркар со такво постигнување, со што го надмина и рекордот на Леброн Џејмс.