Нова понуда на англискиот гигант за Миктаријан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед нема намера да се откаже од фудбалерот на Борусија Дортмунд, Миктаријан.

Црвените ѓаволи неодамна испратија понуда вредна 18 милиони фунти, но милионерите ја одбија.

Сепак, Мурињо не се откажува од репрезентативецот на Ерменија, па според информациите од Англија, Јунајтед испратил понуда вредна 10 милиони фунти повеќе од претходната.

Дортмунд оваа понуда дефинитивно би требало да ја прифати посебно од причината што имаат уште само една година од договорот со овој фудбалер.